Посетете ја нашата продавница
Често поставувани прашања
Да. Ние сме специјализирана и овластена STIHL продавница со повеќе од 10 години искуство, што гарантира оригинални производи и професионална услуга.
Секогаш. Кај нас ќе најдете само оригинални STIHL уреди, додатоци и резервни делови, директно од официјални добавувачи.
Да. Располагаме со овластен сервис преку нашите партнери, каде што стручни техничари вршат поправка и одржување со оригинални делови и опрема според стандардите на STIHL.
Да. Нудиме производи по нарачка, со посебно внимание на вашите потреби. За некои артикли рокот на достава може да биде подолг поради фактори надвор од наша контрола (како увоз, транспорт или достапност кај производителот). Секогаш ќе ве информираме однапред за очекуваниот рок на испорака.
„Сам Свој Мајстор“ е специјализирана продавница за STIHL и Bison производи, која работи под компанијата Максима, увозник на Bison и Mellerud. Со повеќе децениско искуство, нудиме оригинални производи, стручна поддршка и професионални совети за сите ваши проекти.