Запознајте се со
Сам Свој Мајстор!
„Сам Свој Мајстор“ е трговски бренд на компанијата „Максима“ ДОО Охрид.
Основана во 2001 година, „Максима“ е компанија која повеќе од две децении успешно се посветува на дистрибуција на висококвалитетни производи за одржување, поправка и подобрување на домот и дворот. Преку брендот „Сам Свој Мајстор“, компанијата го воспоставува своето физичко присуство а со оваа вебстрана и прво онлајн присуство и им овозможува на клиентите брз и сигурен пристап до проверени производи и стручни совети.
Нашата мисија
Нашата мисија е да понудиме проверен квалитет и практично знаење – преку производи од водечки светски брендови и едукација за нивна правилна и безбедна примена. Веруваме дека секој може да создаде поудобен, поубав и пофункционален дом – со вистинските алатки, материјали и поддршка.
Нашата визија
Нашата визија е одржлива иднина во која секој поединец самостојно и одговорно го одржува својот животен простор, вложувајќи во решенија што траат и негувајќи ја културата на „направи сам“.
STIHL Моторни пили
STIHL Тримери и Моторни Коси
STIHL Косилки за трева
STIHL Перачи Под Притисок
STIHL Дувалки за Лисја
STIHL Мотокултиватори и Фрези
STIHL Правосмукалки за Суво и Мокро Чистење
STIHL Атомизери и Прскалки
STIHL Водни Пумпи