Соработка и трговија со правни лица
За деловна соработка, купување на фактура или други B2B опции, контактирајте нѐ на b2b@samsvojmajstor.mk.
STIHL FUNCTION SensoTouch се практични работни ракавици за задачи каде што е потребно добро чувство во рацете, сигурно држење и удобност при работа.
Ракавици имаат touch функција, што овозможува користење паметен телефон или таблет без да се вадат од рака. Нитрилниот слој помага за добро држење и на влажни површини, додека плетениот материјал овозможува подобра удобност при подолга употреба.
STIHL Dynamic Vent се идеални за професионалци и градинари. Лесни, издржливи и дизајнирани за максимална чувствителност при работа. Со вентилациони отвори и сигурна велкро лента (чичак) за заштита од нечистотија.
Материјал: Синтетичка кожа / Текстил
Карактеристика: Врвна проветреност и ергономско прилепување
Употреба: Нега на жива ограда и одржување на дрвја
STIHL AutoCut 46-2 е оригинална дволиниска глава за косење со конец, наменета за професионални моторни коси. Погодна е за брзо косење тревник, средување рабови и работа околу дрвја, ѕидови, огради и скали.
Главата користи конец за косење Ø2,7 mm, а може да се користат и STIHL конци од 2,7 mm до 3,3 mm. Конецот лесно се продолжува со притискање на главата на земја за време на работа.
STIHL AutoCut C 26-2 е оригинална дволиниска глава за косење со конец, наменета за моторни коси и тримери. Погодна е за косење тревник, средување рабови и работа околу дрвја, ѕидови, огради и скали.
Главата користи конец за косење Ø2,4 mm. Конецот лесно се продолжува со притискање на главата на земја за време на работа, што овозможува брзо и практично косење без чести прекини.
STIHL WoodCut 225-24 е оригинална кружна пила со длетести запци, наменета за расчистување дрвенести грмушки, тенки дрвја и потешка вегетација.
Сечилото има дијаметар Ø225 mm и 24 запци. Се користи со соодветни STIHL моторни коси и тримери, со правилен штитник и приклучок според моделот.
Husqvarna 550XP Mark II е професионална бензинска моторна пила создадена за дрвосечачи, професионалци и корисници кои бараат висока моќност во компактна 50cc класа. Со мотор од 50.1 cm³, моќност од 3.0 kW, меч од 38 cm и мала тежина од 5.3 kg, оваа пила нуди одличен однос помеѓу сила, агилност и прецизност.
Моделот е погоден за интензивна работа, кастрење, потсекување и сечење дрва каде што се бара брза реакција и професионален резултат.
Husqvarna 435 II е лесна и ефикасна бензинска моторна пила, наменета за корисници кои бараат практична машина за сечење дрва, кастрење гранки и одржување на двор или викендичка. Со мотор од 40.9 cm³, моќност од 1.6 kW и меч од 38 cm, оваа пила нуди добар капацитет на сечење во компактно и лесно тело.
X-Torq® моторот помага за ефикасна работа, а малата тежина и лесното ракување ја прават Husqvarna 435 II одличен избор за домашни и напредни корисници.
STIHL HP маслото за двотактен мотор, на база на минерално масло, е специјално развиено за високи барања при користење на бензиски двотактни машини. Неговите добри својства за подмачкување и согорување овозможуваат сигурни перформанси и оптимално функционирање на вашиот алат со STIHL HP маслото за двотактни мотори.
HP масло за двотактни мотори: За барани услови на работа
STIHL HP маслото за двотактен мотор, на база на минерално масло, е специјално развиено за високи барања при користење на електрични алати. Неговите добри својства за подмачкување и согорување овозможуваат сигурни перформанси и оптимално функционирање на вашиот алат со STIHL HP маслото за двотактни мотори.
Husqvarna 440E е лесна и ефикасна моторна пила за задачи околу домот, со лесен старт и X-Torq® мотор. Нуди одлична комбинација на чиста сила и одлична функционалност, а во комбинација со Husqvarna X-Cut ланецот дава исклучителна ефикасност и прецизност.
Husqvarna 365 е професионална бензинска моторна пила наменета за интензивна работа и сечење дрва. Нуди висока моќност, издржливост и сигурни перформанси во тешки услови.
Husqvarna 130 e мала, моќна, складна и универзална моторна пила со која долги години, беспрекорно ќе ги извршувате активностите околу домот и градината. Лесна за стартување, ракување и одржување, со интегрирани напредни Husqvarna технологии како LowVib® и SmartStart® , ќе биде идеална за режење, сечење, оборување на дрвја и нивна припрема за огрев или граѓа.
Сè уште немате сметка?
Креирај сметка