Соработка и трговија со правни лица
За деловна соработка, купување на фактура или други B2B опции, контактирајте нѐ на b2b@samsvojmajstor.mk.
Професионална грбна дувалка STIHL BR 800 C-E
STIHL BR 800 C-E е професионален бензински грбна дувалка со исклучително висока моќност за брзо чистење лисја, трева и отпад. Нуди удобна работа, лесно стартување и максимални перформанси за интензивна употреба на големи површини. Благодарение на ергономскиот дизајн и силниот проток на воздух, оваа STIHL дувалнка овозможува ефикасно и брзо расчистување во сите услови.
Husqvarna Automower 305 е компактна роботска косилка за тревници до 600 m², идеална за помали и посложени дворови. Со можност за работа на наклон до 40%, систематско косење во тесни премини и контрола преку Automower® Connect@Home апликацијата со Bluetooth®, оваа косилка овозможува уреден тревник со минимален напор.
Моделот користи 3 остри вртливи жилет-сечила, има ширина на косење од 22 cm и рачно подесување на висината од 20 до 50 mm. Напомена: китот за инсталација не е вклучен во пакувањето, а компатибилен е инсталационен кит S.
Професионален и компактен бензински сечач за бетон и метал со моќен 66 cm³ мотор и диск од 14″.
STIHL MS 462 е лесна и исклучително моќна професионална моторна пила за соборување дрва, кастрење гранки и обработка на трупци во шуми со средна и голема густина.
Моторот од 72.2 cm³ обезбедува моќност од 4.4 kW, а тежината на моторната единица изнесува 6 kg. Оваа варијанта доаѓа со водилка од 45 cm и STIHL 3/8″ Rapid Super ланец.
STIHL MS 400 C-M е лесна и моќна професионална моторна пила, развиена за шумарски работи, соборување дрва, кастрење и обработка на трупци.
Моторот од 66.8 cm³ развива моќност од 4.0 kW, додека моторната единица тежи 5.8 kg. Магнезиумскиот клип и системот STIHL M-Tronic придонесуваат за брзо забрзување, мала тежина и стабилни перформанси во различни услови.
Husqvarna K 770 е моќна и издржлива бензинска машина за професионално сечење бетон, асфалт, камен, блокови и градежни елементи.
Моторот со моќност од 3.7 kW, максималниот диск од 350 mm и длабочината на сечење до 125 mm овозможуваат висока продуктивност при различни градежни и патни работи. SmartTension™ системот обезбедува правилно затегнување на ременот, додека ниските вибрации придонесуваат за поудобна работа.
Уредот доаѓа без диск.
STIHL MS 462 C-M е лесна и исклучително моќна професионална моторна пила за соборување дрва, кастрење и обработка на трупци.
Моторот од 72.2 cm³ развива моќност од 4.4 kW, додека STIHL M-Tronic автоматски ја приспособува работата на моторот според условите. Оваа варијанта доаѓа со водилка од 45 cm и 3/8″ Rapid Super ланец.
Husqvarna 585 е моќна професионална бензинска пила од 90cc класа, создадена за тешка шумарска работа, сечење крупни стебла и интензивна употреба во тешки услови. Со X-Torq® мотор, моќност од 5.1 kW, меч од 70 cm и брзина на ланец од 23 m/s, оваа пила нуди висока сила, стабилна работа и одличен капацитет на сечење.
Моделот е наменет за професионални корисници кои бараат робусна, издржлива и лесна за одржување моторна пила за сериозна работа во шума.
STIHL MS 651 е моќна професионална моторна пила за соборување и обработка на дебели дрва, интензивни шумарски работи и користење во густи шумски насади.
Моторот од 91.1 cm³ обезбедува моќност од 5.0 kW, додека моторната единица тежи 7.3 kg без гориво, водилка и ланец. HD2 филтерот и регулирачката пумпа за масло придонесуваат за сигурна работа во тешки услови.
STIHL TS 440 е Cutquik сечач за професионална употреба, идеален за секојдневни и специјализирани задачи при работа со бетон, асфалт, метал и цевки. Опремен е со 66,7 cm³ двотактен мотор од 4,4 kW (6 PS), истиот како и TS 420, но со напредна технологија на сопирање на дискот (QuickStop® Wheel Brake), што ја спречува ротацијата мгновено при „kickback“. Антивибрациониот систем и ElastoStart рачката значително ги намалуваат вибрациите и напорот при стартување, додека проширениот челичен штит на дискот овозможува секојдневна употреба во тесни агли и при сечење на дното на површини. Погоден е за професионалци кои работат под притисок и истиот ги комбинира перформанс, сигурност и удобност.
STIHL MS 661 е професионална бензинска моторна пила со екстремна моќност за шумски работи и сечење големи дрва. Дизајнирана е за интензивна употреба, со високи перформанси, стабилна работа и максимална издржливост во тешки услови. Благодарение на робусната конструкција и одличниот баланс, оваа STIHL пила е идеален избор за професионални корисници.
Сè уште немате сметка?
Креирај сметка