Denzel DS-5218 е докажан борец кога станува збор за подготовка на огревно дрво. Оваа верзија е опремена со мотор кој испорачува 1.9 kW моќност, што е идеална мерка за домашни потреби – доволно силна за да помине низ тврдо дрво, а сепак поекономична во потрошувачката на гориво во споредба со посините модели.
Пилата е конструирана да трае. Хромираниот цилиндар и зајакнатиот клип обезбедуваат долг животен век на моторот, дури и при почеста употреба. Со мечот од 45 cm, лесно ќе се справите со соборување на помали дрвја во дворот или сечење на трупци за во камин. Ергономската рачка и балансираниот дизајн овозможуваат сигурен фат и прецизно водење на резот.