Политика за испорака на производи
Испорака на нарачани производи
Испораката на производите на samsvojmajstor.mk се реализира исклучиво преку партнерската курирска служба Карго Експрес. Доставата се врши на адресата што ќе ја наведете при креирањето на нарачката, а производите се испорачуваат на начин што обезбедува сигурна и навремена достава до вашиот дом, деловна адреса или друго посочено место.
Рокови на испорака
Стандарден рок за испорака е 1–3 работни дена од потврдувањето на вашата нарачка.
Доколку одредени производи не се моментално на залиха, или се појават непредвидени задржувања при транспортот, ќе бидете навремено известени преку контакт-информациите што сте ги оставиле на нашата веб-страна.
Во текот на летни одмори, државни празници или други исклучителни периоди, рокот за испорака може да биде продолжен до 10 работни дена. И во овие случаи, ќе бидете претходно известени за очекуваниот термин на испорака.
Работни денови се сметаат понеделник до петок, додека викендите и државните празници не се вклучуваат во роковите за испорака.
Трошоци за испорака
- За нарачки со вкупна вредност над 4.500 денари, испораката е бесплатна.
- За нарачки под 4.500 денари, се наплатува фиксна такса од 200 денари за достава до посочената адреса.Овие трошоци ќе бидат прикажани и пресметани при финализацијата на вашата нарачка.
Контактирање и известување
По приемот и обработката на вашата нарачка, ќе добиете потврда на контакт-е-маил или телефонски број што сте го навеле. Кога курирската служба ќе ја преземе пратката, ќе бидете известени за тоа, како и за очекуваниот период на достава. За поцелосен преглед на статусот на вашата испорака можете да ги користите информациите достапни преку вашата корисничка сметка или преку е-маил комуникацијата со samsvojmajstor.mk.
Примопредавање на пратката
Кога ја примате вашата нарачка:
Примачот е должен да го прегледа пакетот за евентуални видливи оштетувања при транспорт.
Доколку забележите оштетување или недостасување на делови од нарачката, ве молиме тоа да го забележите при примопредавањето и веднаш да не информирате за натамошна обработка.
Курирската служба може да побара потпис како потврда за прием на пратката.
Дополнителни информации
samsvojmajstor.mk работи со целосна транспарентност и е посветен на навремена и безбедна достава на производите до вашата адреса.
Во случај на промена на рокови, трошоци или други услови за достава, ќе бидете навремено информирани согласно законските обврски и деловните практики.